Голот на полскиот тим Раков во последните моменти на дуелот со Астана за победа од 5:0 во квалификациите за Конференциската лига го урна тикетот со пет предлози во нашата стандардна содржина Типстерски совети.
На тој пар типувано беше 1&2-4, a малерозно, петтиот и вишок гол на Раков падна во 94-тата минута. Го постигна Хрватот Фран Тудор со удар од белата точка.
Вкупниот коефициент на тикетот уплатен во Sport Life беше 25.85 и сите четири останати натпревари се погодени.
На дуелот меѓу Росарио Централ и Њуелс олд бојс, домаќините победија со 1:0, а типувано е дека нема да има повеќе од еден гол и во двете полувремиња.
Гимараиш го декласира тимот на Пушкаш Академија со 3:0 за лесно погоден кец, а и Арис беше убедлив против Гомел, победи со 5:1, со предност од 3:1 на полувреме за фатен 1-1&3+.
Вележ не успеа да избегне пораз од Хамрун од Малта и не постигна гол во поразот од 0:1, со што излезе и типот НГ, односно дека едниот тим нема да постигне погодок.
Штета за тикетот што падна во 94-тата минута, но денеска очекувајте нови пет предлози во стандардната содржина на Спорт Манија со Типстерските совети.