Е ова е смешно – НФЛ играчи играа ракомет, не се далеку од злато на Олимписки игри (Видео)

НФЛ играчите добија можност да играат ракомет благодарение на унгарскиот клуб Ференцварош, по големата полемика што ја предизвика ЕСПН во својата емисија „Highly Questionable“ во која се исмејуваше популарниот спорт.

Тезата во емисијата беше дека екипа што би ја предводел поранешниот квотербек Џеј Катлер со Леброн Џејмс и уште неколку врвни спортисти од други спортови без проблем би освоила злато на Олимписки игри.

Имаше многу реакции од ракометниот свет дека таквото тврдење е смешно, а сега навистина НФЛ играчите изгледаа смешно во обидот да играат ракомет.

Погледнете го урнебесното видео што сигурно ќе ве насмее.

- Оглас -

Најнови вести