Ламар Одом е познат по многуте неславни животни епизоди, а беше дури и во кома, како последица на конзумирањето на опојни средства, но успеа да преживее.
Во интервју за „Марка“ некогашниот голем талент на американската кошарка раскажа неверојатни секвенци од својата животна приказна, а врв на сторијата е обидот да се измамат медицинските лица задолжени за допинг тестови на Летните олимписки игри во Атина во 2004 година.
„Нарачав лажен пенис и кога дојдов на допинг контролата, направив трик и од него дадов однапред подготвена урина, што беше регуларна. Во тоа време секојдневно користев марихуана и други опојни средства, па сигурно ќе паднев на тестот“, раскажува Одом.
Во 1999 година Лос Анџелес клиперс го избраа како четврти пик на драфтот и во првите години во НБА играше одлично во дебитантската сезона, па си најде место во идеалната петорка на дебитанти. Потоа почнаа проблемите со дрогата и алкохолот, што му ја уништија кариерата.
„Во НБА веќе не ми веруваа, па кога давав урина за допинг контрола мереа температура за да се уверат дека не се обидувам да ги измамам“, додава Ламар.
Се пофали дека спиел со над 2 илјади жени, а потроши цело богатство од 100 милиони долари за забава, алкохол и дрога. Во 2015 година поранешниот сопруг на Клое Кардашијан беше пронајден во бесознание во бордел во Навада и беше неколку дена во кома. За среќа успеа да преживее и како што вели да им каже збогум на пороците.
Во НБА играше за Клиперс, Мајами хит, Лос Анџелес лејкерс, Далас маверикс и повторно за Л.А. клиперс, а кариерата ја заврши во Европа, како кошаркар на Басконија.