22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Е, ова ќе беше сензација: Меси за малку можеше да заврши во Мадрид!

Меси треба да пристигне во Париз во секој момент, следува величенствена презентација како нова мегаѕвезда на ПСЖ, тоа веќе нема дилеми.

Но, шпанскиот новинар Игнацио Мигелес одлучи да објави екслузивна вест поврзана со шпанскиот првак Атлетико Мадрид. Имено, Диего Симеоне вршел напори да го убеди Меси да се пресели на „Ванда Метрополитано“, што дури и самиот фудбалер размислил за оваа опција, но операцијата пропаднала.

По оваа информација може да се претпостави дека не залудно Луис Суарес вчера цел ден го помина во домот на Меси, покрај дружбата пред преселбата, Уругваецот потајно лобирал за Јорганџиите.

- Оглас -

Најнови вести