Два мајсторски тикети посебно ги одбележаа дуелите од Лигата на шампионите во вторникот и средата. Експерт од Велес погоди дека сите четири дуели од елитната лига на УЕФА што се играа оваа недела ќе завршат со победа на гостите.
Од сите четири меча, единствено Челзи на хартија беше фаворит за триумф кај Лил и тоа се случи. Актуелниот европски првак победи со 2:1. Останатите три меча од ЛШ на кои се радуваа госитите беа изненадувања. Малкумина веруваа дека Јувентус дома ќе биде елиминиран од Вилјареал, и тоа со пораз од 3:0. Жолтата подморница даде три гола во последните 15 минути.
Уште еден шпански тим победи на гости. Атлетико Мадрид минимално со 1:0 славеше на „Олд Трафорд“ и го елиминира Манчестер јунајтед. Од сите, најголемо изненадување приреди Бенфика, која со 1:0 се радуваше во Амстердам против Ајакс. За победа на Бенфика квотата беше дури осум, но тоа не го поколеба обложувачот од Велес да одигра на Португалците и на крајот само со 200 вложени денари, успеа да освои 46.121 денар.

СРЕДА ЕПТЕН СРЕЌЕН ДЕН ЗА ИГРАЧОТ ОД КОЧАНИ
Експерт од Кочани на четирите меча во средата (два од ЛШ и два од Премиер лигата), само со 50 денари успеа да добие 48.054 денари. Овој овложувач не само што погоди дека Вилјареал ќе слави во Торино, туку неговиот тип е дека на полувреме ќе биде нерешено, а Шпанците на крајот ќе победат во меч на кој ќе има барем три гола. Вилјареал победи со 3:0.
Иста е и комбинацијата на Лил – Челзи, со тоа што многу среќа имаше на овој дуел бидејќи англискиот тим во првиот дел даде гол за 1:1 во 45+3 минута. Веднаш по голот, судијата отсвири дека е полувреме.
Во Премиер лигата, исто така се радуваа гостите, а погодени се „чисти двојки“. Ливерпул без многу проблеми славеше кај Арсенал со 2:0, а со истиот резултат Тотенхем го победи Брајтон на гости.


