Навивачка експедиција од Кардиф вечерва е на стадионот во Нант на последниот меч од францускиот шампионат и со прекрасен гест повторно му оддадоа почит на Емилијано Сала, трагично загинатиот несуден фудбалер на нивниот клуб.
„Не стасавме да се радуваме на твоите игри и голови, но нема да те заборавиме“, пишуваше на транспарентот што го истакнаа симпатизерите на Кардиф во Нант.
Сала од Нант летово требаше да се пресели во Кардиф, потпиша договор, но на патот од Франција во Велс со малиот авион Пајпер исчезна над Ла Манш.
Подоцна беше пронајдено неговото тело, а се уште не е пронајдено телото на пилотот.