Фудбалот во Германија е вистински празник и речиси на сите мечеви, трибините на стадионите се исполнети до последно место. За тоа дека фановите не му го вртат грбот на клубот ниту кога не е во елитната Бундеслигата, вистински пример доаѓа од Кајзерслаутерн.
Некогашниот германски првак сега игра во третата лига, а на дербито против Сарбрикен дојдоа дури 46.895 гледачи, а стадионот „Фриц-Валтер“ делуваше фантастично. Навивачите направија и една фантастична кореографија за да му оддадат почит на починатиот навивач Даниел Хасман.
Освен домашните фанови, на стадионот имаше и околу 5.000 гостински навивачи за спектаклот да биде комплетен.