Најголемите фудбалски возбудувања и кулминација е кога треба да дојде време да се изведуваат пенали за да се дознае победникот. Без разлика дали е тоа на официјален меч, контролна средба, или дуел од некој локален турнир, сите сакаат да победат во пенал-рулетот.
Сепак, не секогаш најважно е да се даде гол. Едно неверојатно видео кое се појави, покажува под каков притисок беше еден играч да шутира пенал на турнир во мал фудбал во една од бразилските фавели. Опкружен со противнички навивачи кои буквално беа до него, фудбалерот се обидуваше да се сконцентрира да постигне гол.
Навивачите постојано му дофрлуваа дека мора да промаши, а кулминацијата се случи пред самото изведување на пеналот, кога пред топката се појави човек со пиштол во раката. Тогаш на фудбалерот му беше јасно дека мора да промаши.
‘No pressure on you mate!’ pic.twitter.com/xaLCElrSRZ
— Photos of Football (@photosofootball) August 6, 2019