Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва по двомесечна пауза ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите, и тоа со дуелот против еден од главните фаворити за титулата, францускиот ПСЖ.
Битолчани по десет кола имаат десет порази, додека ПСЖ не игра според очекувањата и има пет победи и дури четири порази.
Тренерот на македонскиот шампион, Бранислав Ангеловски, е задоволен што во Битола доаѓа една од најдобрите екипи на светот.
„Овој натпревар треба да биде празник на ракометот во нашиот град. Доаѓа една од најдобрите екипи во Европа со најдобрите ракометари и не можевме да посакаме подобар тајминг, по успехот на Франција на Европското првенство. Мило ми е што доаѓа еден Никола Карабатиќ во последната играчка сезона. Секоја нова сезона во Лигата на шампионите е поинтересна и посилна, а ПСЖ секогаш е еден од фаворитите за освојување на трофејот. Имаат одлична екипа, со брза транзиција, брза полуконтра и организиран брз центар. Имаат играчи од светска класа на сите позиции и ќе ми биде задоволство да се натпреваруваме со такви величини на играчи и тренери“, вели Ангеловски.
Очекувано, квотите се на страната на ПСЖ (1.13), додека коефициентот Еурофарм Пелистер да остане непоразен (1Х) изнесува 4.95.
Во понудата на Sport Life има и 23-ца ракометари за играта „плус-минус“ голови и тука се тројца играчи на Еурофарм Пелистер: Богдан Радивојевиќ за кого границата е 4.5 гола, Урош Борзаш и Жарко Пешевски за кои границата изнесува 3.5 гола.