30.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Е. Пелистер е фаворит за трофејот во Суперкупот, Вардар сака да ја прекине низата на битолчани

Новата ракометна сезона во Македонија започнува на најдобар начин, со дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Двата најтрофејни ракометни клуба во Македонија вечерва ќе играат во Кавадарци, и тоа за трофејот во Суперкупот.

Пелистер е актуелен шампион на Македонија, додека Вардар го освои Купот. Кога играат овие два клуба, секогаш владее голема неизвесност, а посебно кога се работи за еден натпревар што носи трофеј.

Во подготовителниот период, Пелистер и Вардар двапати играа и битолчани победуваа. Прво славеа со 28:23 на турнирот во Кавадарци, а само пред неколку дена го победија Вардар и во „Јане Сандански“ со 25:23 на турнирот во Скопје.

Ако се знае дека битолчани славеа и на последната пресметка во првенството, која го реши првакот во Скопје (32:30), јасно е дека играчите на Пелистер се полни со самодоверба и во исчекување да продолжи нивниот добар ритам.

Вардар сепак нема да патува во Кавадарци со бело знаме и Црвено-црните сигурно ќе се обидат да го прекинат налетот на најголемиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести