20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Е. Пелистер по три години пауза, повторно ќе учествува на турнирот на шампионите во Добој

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер пред стартот на новата сезона, ќе учествува на традиционалниот ТВ-турнир на шампионите во Добој, Босна и Херцеговина.

Турнирот ќе се одржи од 14 до 18 август, а битолчани ќе бидат една од осумте екипи кои ќе играат на 53-тото издание на турнирот.

Битолчани се наоѓаат во групата А заедно со домаќинот Слога, Монпелје и египетскиот Ал-Ахли.

Групата Б ја сочинуваат Барселона, Загреб, Целје Пивоварна Лашко и Војводина. Првиот меч битолчани ќе го играаст против Ал-Ахли.

Последен пат Е. Пелистер на турнирот во Добој играше пред три години, кога во финалето загуби од францускиот Шартр и тоа во пенал-рулетот.

- Оглас -

Најнови вести