21.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Е. Пелистер треба да го одигра најефикасниот меч во ЛШ сезонава, фудбалерките на Барселона ќе покажат зошто се најдобри

6157 Франција У17 – Сенегал У17 (13.00 часот)

Ова е последен осминафинален натпревар на Свесткото првенство до 17 години кое се одржува во Индонезија. Французите го освоија првото место во својата група со три победи без примен гол против врсниците од САД (3:0), Буркина Фасо (1:0) и Јужна Кореја (3:0). Сенегал беше втор во групата Д со две победи и еден пораз. Сенегалците приредија изненадување и ја совладаа Аргентина во првото коло (2:1), потоа славеа над Полска (4:1), а загубија од Јапонија (0:2). Франција, која на претходното СП го освои третото место, е фаворит на овој меч.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.07)

 

6730 Ајнтрахт Ж – Барселона Ж (21.00 часот)

Актуелниот европски шампион, фудбалерките на Барселона фуриозно ја започнаа одбраната на титулата во Лигата на шампионите со победа од 5:0 над Бенфика. Ајнтрахт во првото коло славеше со 2:1 на гости против шведскиот Розенгард. Барселона во последните пет сезони дури четирипати играше во финалето во ЛШ (победи во 2021 и 2023) и сезонава е главен фаворит за освојување на титулата, а тоа го покажа со убедливата победа на стартот. На последните пет меча во ЛШ и во Ла Лига, Барселона постигна дури 30 гола и за очекување е вечерва да дојде до победата.

Предлог тип: Т2 & 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

1183 Барнет – Олдам (21.00 часот)

Ова е натпревар од англиската национална лига, и тоа меѓу тим кој се наоѓа на второто место и се бори за пласман во еден ранг погоре и тим кој е на средина на табелата. Барнет загуби на последните два меча со идентични 1:2 од Мајденхед и Гејтсхед и го загуби чекорот со лидерот на табелата Честерфилд. Олдам има победа и пораз во последните две кола и гол-разлика 28:28. Барнет и Олдам досега меѓу себе играле само двапати, и тоа минатата сезона и имаат по една победа (1:3 и 2:0).

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.50)

 

1323 Замора – Виљареал (21.00 часот)

Ова е натпревар од третото коло во шпанскиот Кралски куп, во кој огромен фаворит е гостинот. Замора, која настапува во третата шпанска лига, во првото коло од Кралскиот куп беше слободна, а во второто го совлада Расинг Сантандер со 3:2. Виљареал пак во претходната рунда славеше со убедливи 5:0 над нисколигашот Чиклана.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.02)

 

9139 Е. Пелистер – ПИК Сегед (18.45 часот)

Македонскиот шампион денеска има нова шанса да ги освои првите бодови во Лигата на шампионите, и тоа против унгарскиот ПИК Сегед. Минатата недела ПИК славеше со 34:26, а вечерва Е. Пелистер игра пред свои гледачи. Дополнителен мотив за битолчани е и дебито во зелено-белиот дрес на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Битолчани досега одиграа три меча пред своите гледачи, и тоа против фаворитите Колштад, Кил и Кјелце, во кои постигнаа 22, 20 и 21 гол.

Предлог тип: Т1 > 26.50 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести