Канаѓанецот Ленс Строл вчера ги изненади сите и извозе најбрзо време на влажната патека во Истанбул, па денеска за возачот на Рејсинг поинт е загарантирана пол позицијата на Големата награда за Турција во Ф1 шампионатот.
Веднаш до Строл ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул, додека вториот возач на Рејсинг поинт, Перез ќе стартува како трет. За Строл ова е прв пат да биде од пол позицијата и сега ќе атакува на првата победа во Ф1.
Актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон имаше слаби квалификации, па се најде на шестото место, додека неговиот тимски колега Валтери Ботас заврши дури деветти. Токму овој пласман во квалификациите треба да биде предизвик за Британецот, но и за тимот на Мерцедес да покаже зошто ги има најдобрите болиди и дали ќе успеат повторно да стигнат до пиедесталот.
UPDATED STARTING GRID
With qualifying penalties applied, the grid is set for what’s sure to be a show-stopper of a Grand Prix on Sunday 😍#TurkishGP 🇹🇷 #F1 pic.twitter.com/f6GW7wVZ0b
— Formula 1 (@F1) November 14, 2020