Лионел Меси конечно може да каже дека го стигна Диего Армандо Марадона. Во петиот настап на СП, Меси стигна до толку посакуваниот пехар. Аргентина цели 36 години чекаше на ваква радост, односно од Мундијалот во Мексико во 1986 година.
Пред три и пол децении Марадона беше херојот кој носен од навивачите гордо го покажуваше трофејот. Овојпат Меси во Катар ја повтори истата снимка. Високо кренат на рамењата на својот добар пријател Серхио Агуеро, со пехарот во рацете, Лео и останатите Аргентинци се радуваа на неверојатниот успех.