По завршувањето на спортските викенд возбудувања, секогаш има голем број обложувачи кои задоволно ги тријат рацете од заработката на добитните тикети. Еден посебно интересен тикет кој беше уплатен во саботата е во Битола, каде што се погодени 12 комбинации, па само со 50 денари влог, добивката изнесува 149.833 денари.
Интересно е дека 11 од 12-те дуели се од англиските лиги. Погодени се победите на Евертон, Вест хем, Нотингам форест, Манчестер сити и Мидлсборо, додека комбинација на победа на домаќините и 3+ погодоци е за дуелот меѓи Челзи и Вулверхемптон.
Останатите пет англиски пресметки се одиграни на голови и сите се погодени. Интересно е дека единствен неанглиски дуел е тој меѓу Викинг и Хам кам, каде што на крајот домаќините победија со 3:0 доволно за „кец со 3+“.


