Е тоа се вика лош бизнис: Евертон продаде играч за 12 пати помалку од тоа што го купи

Евертон реши дека е време да го продаде играчот за врска Морган Шнајдерлен и тоа за 12 пати помала сума пари од таа која го плати за да пристигне на „Гудисон парк“. Фудбалерот се врати во родната земја и во новата сезона ќе игра за Ница.

Ница за купувањето на Шнајдерлен плати само два милиони евра, сума која е смешна за тоа што Евертон пред три години одвои 24 милиони евра за овој играч кој беше дел и од гигантот Манчестер јунајтед.

Шнајдерлен одигра 88 меча за Евертон и даде еден гол, а од Ница потенцираат дека тие на најдобар можен начин се разделуваат со овој играч.

 

- Оглас -

Најнови вести