Кристијано Роналдо ќе го игра илјадитиот меч во професионалната кариера, денеска за Јувентус против СПАЛ во Ферара, а јубилејот е неверојатен, што само говори за величината на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.
Најмногу натпревари Роналдо има одиграно како фудбалер на Реал Мадрид, точно 292 и тој дел од кариерата од 2009 до 2018 година го зачини со фантастични 311 голови, или повеќе од еден во просек.
Во Мадрид освои четири шампионски круни во Лигата на шампионите, претходно има една и со Манчестер јунајтед, а секако очекува да биде на врвот на Европа и со сегашниот тим Јувентус.
Беше европски првак со Португалија во 2016 и годинава со соиграчите ќеја брани титулата на ново ЕП. Индивидуалните признанија ги има и премногу, а најзначајни секако се петте Златни топки за најдобар фудбалер на сезоната во избор на ФИФА.
Мечот меѓу СПАЛ и Јувентус ќе се игра денеска од 18 часот.