14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Еден Азар има понуда од амбициозен белгиски второлигаш!

Еден од најдобрите белгиски фудбалери во последната деценија, Еден Азар, нема иднина во Реал Мадрид, барем не додека тренер е Карло Анчелоти. Тој постојано се мачи и со некакви повреди, не ги оправда големите пари кои Кралскиот клуб ги потроши за да го донесе од Челзи, а сега Азар има изненадувачка понуда од Вестерло, тим кој е белгиски второлигаш.

Вестерло речиси сигурно ќе влезе во првата лига и има големи амбиции и во елитното друштво, па сака да го привлече Азар. Инаку, сопственик на Вестерло е турскиот бизнисмен Октај Ерџан.

Азар има петгодишен договор со Реал, изјавува дека сака да му се оддолжи на клубот, но вишокот килограми и повредите придонесоа за неговата слаба форма и тој сега е резерва на разиграниот Винисиус, кој сезонава е незаменлив како главно лево крило.

- Оглас -

Најнови вести