Еден бод го дели ПСЖ од математичко осигурување на титулата во Франција

ПСЖ минимално го совлада Тулуз со 0-1 во мечот од 30-тото коло во Лига 1. „Светците“ се намачија да стигнат до трите бода, па сега се на чекор од титулата во Франција, потребен им е еден бод и математички да бидат шампиони.

Килијан Мбапе во 74-тата минута ја затресе мрежата на домаќините, а тоа беше негов 27-ми гол во француското првенство оваа сезона. Суперталентираниот голгетер на ПСЖ ќе биде најдобар стрелец во Франција оваа сезона бидејќи Николас Пепе од Лил е втор најефикасен напаѓач со 18 погодоци.

Во следното коло ПСЖ ќе игра на домашен терен против Стразбур, меч во кој „светците“ и со бод, односно реми, ќе бидат старо-нови шампиони на Франција. Тимот кој го предводи Томас Тухел има 80 бода, 20 повеќе од второпласираниот Лил.

https://streamable.com/h9m7e

- Оглас -

Најнови вести