Илија Несторовски одигра еден час како стартер за Удинезе пред празни трибини и не успеа да му помогне на тимот да се победи Фиорентина и да се прекине серијата од нерешени мечеви.
Дуелот во Удине заврши без голови, а репрезентативецот на Македонија играше до 62. минута, кога беше заменет со Ласања.
Поради алармантната ситуација со коронавирусот во Италија, мечот се играше без публика. Удинезе го одигра четвртиот меч по ред што заврши без победник, а кризата трае и сега стаса до 7 меча без триумф во Калчото.
Црно-белите имаат 28 бода и се на само три бода од опасната зона за испаѓање. Ниту Фиорентина не е безбедна со 30 бода на 12. место.
Во исто време од 18 часот се играше и меч од 25. коло во Бундеслигата, а и Мајнц и Фортуна ремизираа, но со резултат 1:1.