Еден човек дефинитивно за последен пат истрча на „Сантијаго Бернабеу“

Како што веќе е познато, голем дел од играчите на Реал Мадрид денес за последен пат го носеа белиот дрес, а некои само од клупа го проследија поразот од Бетис. Иако сè уште не е официјално, само прашање е на време кога Бејл, Навас, Крос и уште неколку ќе ја напуштат шпанската престолнина, а еден човек дефинитивно за последен пат се појави на шпанските фудбалски терени.

Станува збор за судијата Алберто Ундјано Малјенко, реномираниот шпански арбитар ја заврши кариерата по 348 настапи во Ла Лига. Тој е судијата со најмногу настапи во шпанското првенство, а во кариерата додели 1720 жолти картони и 79 црвени картони, од кои 27 се директни исклучувања.

Шпанецот исто така делеше правда во 13 последователни сезони во Лигата на шампионите, а четириесет и петгодишниот судија може да се пофали де беше дел од арбитражата на Светското првенство во 2010 година, кое се одржа во Јужно-африканска Република.

- Оглас -

Најнови вести