Еден домаќин на континентално првенство ќе оди понатаму, друг ќе испадне

5606 Катар – Палестина (17.00 часот)

Во ова осминафинале на Азиското првенство, фаворит за победа е Катар, кој е домаќин на првенството и сака да стигне што е можно подалеку. Палестинците веќе испишаа историја со пласманот во елиминациите, а влегоа како третопласирани во својата група. Катар беше прв со максимални 9 бода од три кола и уште нема примено гол. На мечевите на Палестина има повеќе голови, но ова е нокаут-фаза, влогот и притисокот се поголеми.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.10)

 

2866 Галатасарај – Газијантепспор (18.00 часот)

Галатасарај се бори за титула и ако победи вечерва, ќе се израмни по бројот на бодови со лидерот Фенербахче. Газијантеп е во долниот дел на табелата, ќе води битка за опстанок, а тие се тим кој во последните пет кола имаше дури четири ремија. Галата прима гол на последните четири лигашки мечеви, но и понатаму ја има најцврстата одбрана во лигата, гостите тешко дека ќе дадат повеќе од еден гол. Галатасарај победи со 3-0 на претходните два меѓусебни дуела.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.93)

 

3010 Салернитана – Рома (20.45 часот)

Салернитана е последна на табелата, има три порази едноподруго и е тим со најмногу примени голови во Серија А, во просек по два на меч. Рома игра променливо, победата им треба за да се вратат на позиција која води во Европа. Де Роси како тренер на Волчицата стартуваше со победа, ова им е добра прилика да врзат две победи по ред. Рома нема гостинска победа во 2024, а Салернитана нема победа дома во оваа календарска година. Кога овие тимови играле во Салерно, секогаш имало победник, а летоска во Рим во првиот дел од сезоната беше нерешено 2-2.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.30)

 

1360 Хетафе – Гранада (21.00 часот)

Хетафе и Гранада имаат по два порази по ред, па и реми вечерва би било добар резултат за двата тима. Во ноември во Гранада нивниот дуел заврши 1-1. Хетафе во последните четири кола прими 11 гола, а тие се тим со повеќе ремија од победи или порази. Гранада е претпоследна и сериозен кандидат за испаѓање, на гости сезонава има освоено само еден бод. Тие имаат серија од три меча по ред со 0-2 гола.

Предлог тип: & 0-2 (1.90)

 

5620 Сенегал – Брегот на Слоновата Коска (21.00 часот)

Сенегал е актуелен африкански првак, а Слоновите се домаќини на првенството, па ќе има голема битка во ова осминафинале. Сенегал е фаворит, поквалитетен е, ги доби сите три средби досега на шампионатот, а БСК по двата порази, дури и го разреши селекторот среде првенство, иако се протнаа во осминафиналето како трети во својата група. Последните три меѓусебни меча им завршуваа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (3.00)

- Оглас -

Најнови вести