Еден дуел во ЛШ не почна во предвидениот термин

Мечот меѓу Олимпик Марсеј и Спортинг Лисабон не започна во предвидениот термин, 18:45 часот. Според информациите, гостинскиот тим „заглавил“ во сообраќајот во Марсеј и поради тоа средбата не започна во предвидениот термин.

Засега нема информација кога треба да очекуваме овој дуел да започне.

Додека се чекаат информации за дуелот во Марсеј, Баерн во Минхен само по седум минути игра, стигна до водство на дуелот против Викторија П’лзењ. Сане беше стрелец на голот за водство на Баварците.

- Оглас -

Најнови вести