Еден, два, три до полувреме и готово, добитен тикет со околу 1.000 евра добивка (Фото)

Во објект на Sport Life во Делчево вчера е уплатен тикет само со три меча, на кои се бараше да има барем по три гола во првото полувреме, и тикетот е добитен.

Овој делчевчанец уплатил 300 денари со надеж дека на мечевите Фенербахче – Самсунспор, Малме – Халмстад и Гетеборг – Дегерфорс ќе има 3+ голови во прво полувреме за тикетот со бруто-добивка од 66.380 да биде добитен. И така испадна.

На мечот во Истанбул, кој последен се чекаше за добивка, веќе во 23-тата минута имаше три гола. Гетеборг во 31-вата минута водеше 3-0, додека вистинска драма имало на куп-мечот во Малме, каде што до 40-тата минута беше 1-0, но до крајот на првиот дел паднаа уште два гола и тикетот стана добитен.

Супер тикет е добитен и во Струмица. Уплатените 500 денари се претворени во добивка од над 100.000 денари, и тоа благодарение на девет погодени исходи со игри на голови, некаде само „гол-гол“, некаде со додаток да има 3+ погодоци освен што двата тима ќе дадат гол.

Овој тикет е уплатен во саботата и сите средби се играа тој ден. Критични биле неколку меча на кои третите голови паѓале по 75-80 минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести