Еден фудбалер на Барса турна друг на земја, за да одбрани играч на Реал Мадрид (Видео)

Првото полувреме на средбата помеѓу Уругвај и Бразил од четвртфиналето на Копа Америка, донесе една интересна сцена, но непријатна за фановите на Барселона.

Откако Роналд Араухо кој е Уругваец и игра за Барса, го удри младиот Бразилец Ендрик кој летово му се приклучува на Реал, во одбрана на сонародникот Ендрик прв притрча Рафиња кој му е тимски колега на Араухо во каталонскиот клуб.

Рафиња го турна Араухо на земја и на тој начин му се одмазди за некоректниот потег на Уругваецот кон сонародникот на Рафиња. Араухо брзо после ова се повреди и мораше да излезе од игра уште пред крајот на првото полувреме.

Ако Рафиња и Араухо останат во Барса, ќе биде интересно како ќе соработуваат после овој инцидент.

https://twitter.com/i/status/1809760002019864867

- Оглас -

Најнови вести