Еден фудбалски репрезентативец на Македонија е позитивен на ковид-19

Еден од повиканите фудбалери на тренинг-кампот во македонскиот фудбалски национален тим е позитивен на тестирањето за ковид-19. Мерките за заштита биле испочитувани, веднаш по тестирањето сите од тимот заминале во изолација додека не стигнале резултатите. Сите други (фудбалери, стручен штаб и логистика) имаат негативни тестови.

Селекторот Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб организираат мини тренинг-камп на кој се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел од претстојниот тренинг-камп. На тренинг-кампот, кој ќе трае до задутре, повикани беа 20 фудбалери, кои треба в среда од 14 часот да одиграат контролен натпревар против Работнички.

Во селекцијата на Ангеловски се:

Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија);

Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили (Шкупи), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Ангелче Тимовски (Силекс);

Среден ред: Енур Тотре (Шкендија), Ѓорги Стоилов (Академија Пандев), Марјан Радески (Академија Пандев), Матеј Цветановски (Шкупи), Агон Елези (Вараждин), Али Адем (Шкупи), Лука Станковски (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Џемал Ибиши (Дубрава, Хрватска), Дашмир Елези (Шкендија), Љупчо Дориев (Шкендија).

 

- Оглас -

Најнови вести