Еден гејм фалеше за да има дуел на некогашниот маж и сегашното момче на убавата Русинка

Русинката Анастасија Потапова е една од најубавите тенисерки на светот, таа го заврши настапот на „Ролан Гарос“ и сега навива за нејзиното момче, Холанѓанецот Талон Грикспор.

Она што е интересно е дека малку фалеше, само еден гејм, да има дуел на Грикспор со Александар Шевченко, а Казахстанецот Шевченко е бивш сопруг на Потапова. Една година беа во брак, а само еден ден по објавата дека се разведуваат, Русинката беше видена на Индијан Велс во ложата на Грикспор.

Штета што Шевченко тесно загуби во пет сета во второто коло на „Ролан Гарос“, публиката ќе гледаше мега дуел на сегашната и некогашната љубов на Потапова која ја нарекуваат новата Ана Курникова бидејќи повеќе внимание предизвикува со изгледот отколку со добри резултати на тениските терени.

- Оглас -

Најнови вести