Еден гол беше доволен за Македонија да слави над Фарски Острови

Македонија минимално со 1:0 славеше против Фаски Острови на Арената „Тодор Проески“ во меч од пријателски карактер. Бојан Миовски со голот во 81-вата минута  донесе радост на нашата репрезентација, која врза две победи во низа откако пред неколку дена ја победивме и Малта во квалификациите за ЕП 2024.

Стефан Ашковски, кој во игра влезе во 79-тата минута, одлично асистираше до Миовски, кој исто така влезе како резерва во вториот дел, а напаѓачот од Абердин одлично биеше и го матира голманот на гостите.

И пред постигнување на голот, Македонија беше подобар тим, што реално и се очекуваше пред средбата. Нашите фудбалери упатија дури 16 удри кон противничкиот гол, од кои четири беа во рамките на голот, додека гостите немаа ниту еден удар во рамките на голот, а трипати шутираа високо над голот.

Во првото полувреме, Македонија доминираше, а најдобрата шанса ја имаше Алиоски, кој ја погоди пречката. 

Иста беше сликата и во вториот дел. Македонија напаѓаше, но ударите на Чудлонов и Елмас ги одбрани гостинскиот голман.

За да нема изненадување и да забележиме победа над селекцијата која е рангирана на 123-тото место на ФИФА-листата и според тој критериум е речиси двојно послаба од Македонија, се погрижи Миовски, кој ѝ донесе радост на малобројната публика на Арената „Тодор Проески“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести