14.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Еден гол доволен за три бода на Работнички

Работнички минимално со 1:0 го победи Тиквеш во последниот меч од 23 коло на Прва фудбалска лига на Македонија.

Клучниот момент се случи пред крајот на првото полувреме кога беше досуден пенал за Работнички.

Анес Рушевиќ ја презеде одговорноста и погоди за 1:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Со оваа победа Работнички стигна до 44 бодови и е на четвртото место на табелата, со пет бодови помалку од лидерот Шкендија. Силекс е втор со 45 бодови, а Гостивар има 44 бодови. Тиквеш остана на 18 бодови и ќе води жестока битка за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести