Еден гол фалеше за цела холандска втора лига да биде 3+ и да донесе добитен коефициент од 211

За многу обложувачи, асоцијација за многу погодоци е холандското првенство. Петок стандардно е ден за мечевите од втората холандска лига. Вечерва од 20 часот, се играа сите 10 меча од 34. коло, а само еден гол фалеше сите 10 натпревари да завршат со 3+ голови.

Вкупниот збир на коефициент на сите мечеви од втората холандска лига во Sport Life изнесуваше дури 211.41, а само дуелот меѓу Осс и Јонг ПСВ заврши 2:0. Гостинскиот тим уште од шестата минута беа со фудбалер помалку по добивањето на црвен картон на стоперот Вос, но Осс успеа да даде само два гола и на крајот токму само тој меч да биде причина за да нема добивка на сите оние кои ја „бркаат“ цела холандска втора лига да биде 3+ на голови.

- Оглас -

Најнови вести