28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Еден гол на Ентони, два на Марк Рока, убедлив триумф за Бетис

Бетис ја оствари осмата побеада во Ла Лига оваа сезона откако го совлада Реал Сосиедад со 3-0 на домашен терен. Бразилецот Ентони игра како во транс откако дојде од Манчестер јунајтед на позајмица и го постигна првиот гол за Бетис во 51-та минута.

Во првиот дел, Џовани Ло Селсо не искористи пенал, а Реал Сосиедад остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Зубелдиа.

Во второто полувреме, Марк Рока постигна два гола во период од пет минути, во 64-та и во 69-та минута, а Ентони беше асистент на еден од погодоците.

До крајот, Реал Сосиедад остана и со деветмина на теренот, па не можеше да стори ништо повеќе.

- Оглас -

Најнови вести