Фокусот на европскиот фудбал вечерва ќе биде свртен кон Лисабон. во главниот град на Португалија ќе се игра големото дерби меѓу Бенфика и Спортинг. Освен што овој меч секогаш има посебно значење, денеска има и дополнителна вредност.
Ова е дуел кој може да го одлучи шампионот. По 32 меча, двата тима се израменти со по 78 бодови, а ова е пресметка од претпоследното коло. Бенфика ќе ја има предноста на домашен терен и голема поддршка од трибините, но навивачите на Спортинг не ги оставаат своите миленици на цедило.
На вчерашниот последен тренинг на Спортинг се собраа стотица фанови кои со френетично бодрење дадоа поддршка во пресрет на најважното гостување сзонава.
Lado a Lado 💚🤍
📸 Francisco S. pic.twitter.com/Q1DnN1Q53m
— Sporting CP (@SportingCP) May 9, 2025
Едноставно Лисабон денеска живее за фудбалот, живее за тоа се одлучи кој ќе биде новиот првак на Португалија.
#OMundoSabeQue faremos o nosso melhor para te ver sempre na frente 💚
🔜 #SLBSCP pic.twitter.com/hlCQlQefwo
— Sporting CP (@SportingCP) May 9, 2025