18.8 C
Skopje
недела, 28 септември 2025

Еден играч ги предвиде поразот на Реал и ремито на Јуве, во игра е за 13-ка на Спортска прогноза

Иван Д. е најуспешен играч на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, после саботните натпревари, точно погодувајќи ги исходите на сите шест парови од основната понуда.

Иван предвиде победи на Хајденхајм, Лајпциг, Атлетико и Мајорка, како и ремијата на Јуве – Аталанта и Лидс – Борнмут. Победа на Атлетико над Реал во мадридското дерби типуваа само 9,66 отсто од прогнозерите и тоа беше главно изненадување, но Иван погоди и во игра е за 13-ка.

Патот е долг, денеска остануваат уште седум меча на кои Иван меѓу другото ќе чека и победи на Њукасл над Арсенал и на Милан против Наполи. Има и поголем број на играчи кои се во игра за 12-ка или 11-ка што носи подарок вредносни ваучери од Sport Life.

Инаку според процентите и вкусот на мнозинството играчи на Спортската прогноза, идеалниот тикет за денеска би бил:

1008 Астон Вила – Фулам 1

1361 Елче – Селта Х

1708 Мец – Ле Авр 1

1009 Њукасл – Арсенал 2

1808 Келн – Штутгарт 2

1710 Рен – Ленс 1

3008 Милан – Наполи Х

- Оглас -

Најнови вести