Денешниот тикет уплатен во Ѓорче Петров за малку ќе го израдуваше обложувачот кој успеа со само 20 вложени денари да направи вкупен коефициент од 8.381, па можната бруто добивка изнесуваше 167.624 денари.
На тикетот има вкупно 12 мечеви и на сите е одигранат истата игра, а тоа е да има 2+ погодоци во прво полувреме. Има мечеви од првенства какој што се Тајланд и останати малку познати лиги, а на крајот дури 11 средби беа со 2+ погодоци во првиот дел.
Мечот поради кој тикетот не е добитен за речиси 2.500 евра е дуелот од регионалната лига меѓу Лубек и БСВ Рехден. Лубек победи со убедливи 4:0, но на полувреме резултатот беше само 1:0 и едноставно фалеше само еден погодок за овој меч да биде погоден и тикетот да е добитен на нето добивка од 142.483 денари.
Бидејќи тикетот е уплатен со Sport Life клуб картичка, утешна награда за овој обложувач е добивката од 10 пати по вложените пари, односно ваучер од 200 денари.
Истиот играч денеска навистина немал среќа, затоа што вчера „му избегаа“ 53.720 денари со уплата од 100 денари, а играта е да има барем по три гола на мечевите кои се ставени на тикетот. Имаше вкупно 10 средби, од кои девет беа со 3+, а еден заврши 1:1, односно недостасуваше само еден гол за да биде 3+.