Наполи со 2-1 славеше на гостувањето кај соседот Беневенто во дербито на областа Кампања, а гостите до триумфот дојдоа со пресврт откако по првите 45 минути водеа Вештерките. Овој меч кој го гледаа 1.000 гледачи од трибините, имаше посебно значење за браќата Роберто и Лоренцо Инсиње кои играа еден против друг, и дадоа по еден гол. Ова беше надмудрување и на тренерите Филипо Инѕаги и Џенаро Гатузо, кои десет години играа заедно во Милан.
Роберто Инсиње го донесе Беневенто во водство, и изјави дека жали што првиот гол во Серија А го дал против екипата на брат му и против екипа чиј член беше и тој самиот во минатото. Лоренцо погоди за 1-1 и го најави пресвртот, а Петања го даде победничкиот гол. За Петања ова е прв гол во дресот на Наполи.
Елиф Елмас не беше во составот, бидејќи штотуку доби дозвола да почне со тренинзи со тимот, откако веќе не е позитивен на коронавирус.