Еден кец, една двојка и две нули на младинското ЕП

Европскиот шампион од 2019 година, репрезентацијата на Шпанија ја оствари втората победа на Европското првенство до 21 година што се одржува во Романија и Грузија.

Фуријата во второто коло ја совлада Хрватска со 1:0, а голот кој го реши победникот беше постигнат во првата минута од мечот и тоа преку Абел Руис.

Минимален триумф оствари и Украина која е во истата група Б заедно со Шпанија и Хрватска. Украинците беа подобри од коорганизаторот на ЕП, Романија. Ако Шпанија славеше со гол во првата, Украинците трите бода ги освоија со гол постигнат во претпоследната минута. Дикан во 89-та минута си постигна автогол.

Останатите два меча завршија без победник, Грузија и Белгија одиграа 1:1, додека Портигалија и Холандија одиграа 2:2.

- Оглас -

Најнови вести