Еден клуб му укинаа, па играше во натпреварување што згасна, а за трета среќа вечерва испиша клупска историја во мал холандски клуб (Видео)

Францускиот интернационалец Лукас Бернаду е големиот јунак на Емен и со неговиот гол малиот холандски клуб го победи гигантот ПСВ Ајндховен со 1:0.

Тоа е прва победа за Емен во клупската историја против ПСВ во седмиот меѓусебен дуел.

Досега имаа четири порази и две ремија, а вечерва слават голeмa победа што долго ќе ја паметат.

Дотаму ги доведе голот на Бернаду, играч кој има интересна приказна.

Бернаду е производ на Академијата на Пари Сен Жермен и има 22 години, а во последните три имаше неверoјатни одисеи.

Во 2019 година му го укинаа јуниорскиот тим на ПСЖ за којшто играше. На него не сметаа како сериозен конкурент за првиот тим, а Лукас не можеше да најде друг клуб.

Остана во ПСЖ, па играше за аматерите во Националната лига 3, но натпреварувањето беше укинато во 2020 година поради пандемијата со ковид-19.

Бернаду некако се снајде и потпиша за Емен, а вечерва се запиша и во клупската книга како стрелец на гол за прва победа против гигантот ПСВ Ајднховен.

https://twitter.com/hollandaligleri/status/1617948285767135234?s=20&t=Rbl1K0I9lsAhM6-lo3BrwQ

За историска победа на Емен му помогна и глупоста на Бразилецот Мауро Жуниор од ПСВ, кој направи груб, а непотребен фаул во 43-тата минута и доби директен црвен картон.

Mauro Júnior straight red card for PSV vs. Emmen 43′ from soccer

Со победата вечерва, Емен, кој лани влезе во Првата лига, сега побегна од опасната зона за испаѓање и има 15 бода, по три повеќе од Гронинген и Волендам, односно шест од Камбур.

ПСВ пропушти шанса да се израмни на врвот со Феенорд, кој има 38 бода, а пред тимот од Ајндховен, кој има 35 бода, е и АЗ Алкмар со 36.

- Оглас -

Најнови вести