Еден клуб не е задоволен од делегирањето на Марцињак во финалето: „Ова е шлаканица од УЕФА“

Симон Марцињак од Полска е првиот судија кој во иста сезона е делегиран да го суди финалето на Светското првенство и финалето на Лигата на шампионите. Полскиот судија беше беспрекорен на дуелот Манчестер сити – Реал Мадрид и тоа беше доволна препорака да биде делегиран за главен судија и на финалниот натпревар.

Сепак, оваа одлука на УЕФА со негодување е прифатена во Италија, односно во Наполи, бидејќи од клубот сметаат дека токму полскиот судија е главен виновник за нивната елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во медиумите во Неапол веднаш се појавија наслови од типот: „Ова е шлаканица од УЕФА за Наполи“. Новинарот во својот текст вели:

„И покрај контроверзиите што ги предизвика на натпреварот помеѓу Наполи и Милан, Симон Марцињак е избран за судија на финалниот натпревар од Лигата на шампионите. Ова е престижна награда.“

Друг медиум вели: „Наполи очекуваше казна за Марцињак, а тој како награда прво доби полуфинале, а сега и финале на Лигата на шампионите.“

- Оглас -

Најнови вести