Францускиот фудбалер Пол Погба, кому неодамна му истече суспензијата поради допинг, води преговори со Ди-Си Јунајтед од Вашингтон. Овој клуб има ексклузивно право да разговара со поранешниот играч на Јувентус, пренесуваат медиумите од САД.
Како што се наведува, тимот на Погба е во преговори со клубот од американската престолнина благодарение на т.н. „правило за откривање“ кое е специфично за МЛС-лигата.
Eден клуб може да стави до пет фудбалери на „листаta на откритија“, што му дава ексклузивно право на преговори со тие играчи. Потоа МЛС лигата треба да процени дали клубот има финансиски можности и простор во тимот да го доведе играчот.
„Клубот во моментов нема коментар за шпекулациите околу трансферот“, изјави претставник на Ди-Си Јунајтед за агенцијата „Франс прес“.
Погба, поранешен француски репрезентативец и играч на Манчестер јунајтед и Јувентус, е надвор од терените од септември 2023 година, кога беше суспендиран поради позитивен тест на „тестостерон“.
32-годишниот Погба моментно живее во Мајами.