Еден лајк на Нејмар може да предизвика бура во Пари Сен Жермен

Во редовите на Пари Сен Жермен има преголем индивидуален квалитет за француската лига, па така тимот синоќа даде пет гола, без гол или асистенција од Лионел Меси, а во претходното коло Светците беа убедливи без Килијан Мбапе.

Но, проблемот во тимот се суетите. Синоќа против Монпелје, имаше два пенали за тимот од Париз. Првиот го изведе Мбапе и го утна, а потоа шутна Нејмар кој погоди.

После мечот, на една фан-страница на Нејмар на „Твитер“, иронично напишаа дека Мбапе е единствен фудбалер на светот кој во договорот има клаузула оти мора да ги шутира пеналите, иако во ниту еден тим каде што игра Нејмар, не би требало да има друг пеналџија.

Нејмар стави лајк на оваа објава, и тоа сигурно нема да му се допадне на Мбапе кој изигрува шеф на теренот, па и се лути кога нема да му подадат.

- Оглас -

Најнови вести