Еден меч на Вардар во СЕХА-лигата го следеле неверојатни 700.000 луѓе

Регионалната СЕХА-лига очигледно направи добар потег со примањето на кинескиот Пекинг во ова натпреварување. Директорот на СЕХА, Синиша Остојиќ, откри дека уште во првото коло бил поставен рекорд по гледаност на еден меч во регионалното натпреварување.

Се работи за дуелот меѓу европскиот првак Вардар и кинески Пекинг. Преносот од овој меч го следеле 700.000 гледачи, најголемиот дел од нив се од Кина.

„Проширувањето на СЕХА ни донесе неверојатна статистика на почетокот на сезоната.Првиот меч на Пекинг во нашата лига, на гостувањето кај Вардар го следеле дури 700.000 гледачи. Оваа бројка досега беше незамислива за СЕХА-лигата“, вели Остојиќ.

На мечот во „Јане Сандански“, Вардар покажа зошто е првак во СЕХА-лигата, но и европски шампион, па лесно го победи Пекинг со 37:23. Вардарци моментно се подготвуваат за дуел против Кил во Лигата на шампионите. Тој меч се игра на 12 октомври во Скопје, а се очекува Црвено-црните да имаат голема поддршка од публиката во преполната сала „Јане Сандански“.

- Оглас -

Најнови вести