Еден месец без квалитетен фудбал во Европа, а што да кажат Кинезите?

На вљубениците во фудбалот, оваа пауза поради Коронавирусот многу тешко им паѓа. За сите нас ова е прво вакво искуство да ни минуваат денови без спорт ниту на телевизија, а дека може да биде и многу полошо, покажува примерот од Кина, каде што почна ширењето на КОВИД-19.

Ако мислевте дека 31 ден без Барселона, 30 без Јувентус, па 27 дена без меч на Ливерпул, 26 без меч на Манчестер јунајтед или 23 без средба на Галатасарај е многу, фановите на кинескиот клуб Гвагнжу Евергранде цели 128 дена го немаат гледано како игра својот омилен клуб. Во најдобра позиција се Белорусите, кои даваат отпор и си играат, па БАТЕ Борисов само четири дена нема играно.

БАТЕ денеска игра меч од Купот на Белорусија, па кога нема друг избор, и тоа ќе се следи од фудбалските фанатици, иако во нормални услови ретко кој би се интересирал за ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести