Навивачите на Тотенхем се израдуваа кога најдоа еден неверојатен податок кој најавува дека во претстојната 2021 година, нивниот клуб ќе биде шампион на Премиер лигата.
Интересно е дека Мурињо во својата менаџерска кариера во Премиер лигата, секогаш сезоната ја завршувал на истата позиција на која неговиот тим бил пласиран по 12 одиграни кола. А, сезонава по 12 кола, Тотенхем и Мурињо се први на табелата.
Тотенхем може да освои и двојна круна според суеверните. Лондонските Петли последен пат го освоија ФА купот во 1991 година, пред тоа го освојуваа во 1981, 1961, 1921 и 1901, а последните титули во првенството им беа во 1961 и 1951 година. Хронологијата е јасна, се надеваат дека 2021 може да биде нивна година.
Посебно интересно е што Мурињо и во Порто и во Интер, лигата ја завршуваше на истото место како по 12 кола. Исклучок во кариерата му се само две сезони во Реал Мадрид. Во Премиер лигата нема утка, каде што бил по 12-то коло, бил и по завршувањето на сезоната.