Кипар, Финска, Полска и Летонија ќе бидат домаќини на Европското кошаркарско првенство кое ќе започне на 27-ми месецов. Селекциите учеснички веќе играат контролни натпревари, а меѓу нив се секако и домашните селекции.
Токму Кипар доживеа неверојатен пораз, од 122-55 на домашен терен од Србија, во меч на кој одмор добија Јокиќ и Богдановиќ.
Србите важат за едни од најголемите фаворити за освојување на турнирот, па овој резултат не е изненадување, иако настапија без двајцата најдобри кошаркари, но и ако се знае дека Кипар и нема некоја кошаркарска традиција.
Во редовите на Србија имаше дури шестмина двоцифрени кошаркари, а најефикасен беше Викчевиќ со 24 поени.