Поранешниот дефанзивец на Барселона и светски шампион со репрезентацијата на Франција, Самуел Умтити, објави крај на својата професионална фудбалска кариера на 31-годишна возраст.
Умтити во последните години се мачеше со сериозни повреди на коленото и беше без клуб откако летово му заврши договорот со францускиот Лил.
Тој беше дел од тимот на Франција кој ја освои светската титула во 2018 година и го постигна победничкиот гол во полуфиналето против Белгија во Санкт Петербург.
Централниот дефанзивец помина шест години во Барселона, откако во 2016 година пристигна од Лион, а играше и во двата шампионски похода во Ла Лига.
„По интензивна кариера со подеми и падови, дојде време да се збогувам“, напиша Умтити на социјалните мрежи.
„Секогаш давав сè од себе со страст и не жалам за ништо. Сакам да им се заблагодарам на сите клубови, претседатели, тренери и соиграчи со кои имав можност да работам“, додаде Французинот.