Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, кој се сметаше за еден од најпосакуваните фудбалери од страна на гигантите, го продолжи договорот со својот матичен клуб, Атлетик Билбао и потврди дека љубовта не може да се купи со пари.
Атлетик Билбао се смета за уникатен клуб бидејќи во него можат да играат само фудбалери кои потекнуваат од Баскија.
Вилијамс потпиша нов договор со Атлетик Билбао кој ќе трае до јуни 2027 година и ќе продолжи да игра заедно со својот постар брат, Ињаки.
Според шпанските медиуми, сериозен интерес за 21-годишниот фудбалер пројавуваа Реал Мадрид и Барселона.
Нико Вилијамс сезонава одигра 11 меча за Атлетик во Ла Лига и постигна еден гол, но има осум асистенции.