Нигерискиот репрезентативец и член на германскиот шампион Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, ја прекина четиригодишната врска со својата девојка Рике Хермин од Норвешка. Овојпат се подготвуваше за брак, но на крајот се разделија и тоа откако Хермин не сакала да потпише предбрачен договор.
Предбрачниот договор е правно обврзувачки договор кој ја регулира сопственоста и финансиите на имотот во случај на развод или смрт. Фудбалерот едноставно не бил подготвен да ја круниса љубовта со брак без таков договор, наведувајќи ја потребата да се заштити неговата финансиска иднина и да се избегнат потенцијалните правни или финансиски стапици.
Nigerian footballer, Victor Boniface has reportedly ended his 4 years relationship with his Norwegian girlfriend, Rikke Hermine.
According to reports, she insisted on a legal marriage without a prenup (A prenup is a contract protecting assets and finances of both parties in case… pic.twitter.com/dkW1KgHqzu
— African Hub (@AfricanHub_) January 22, 2025
Хермин, која го поддржуваше Бонифејс за време на неговиот подем во кариерата, наводно го гледала недостатокот на предбрачниот договор како гест на доверба и посветеност. Сепак, парот не можеше да најде заеднички јазик за ова прашање, што доведе до распад на нивната врска.
Бонифејс само со 24 години стана еден од најбараните напаѓачи во Европа откако минатата сезона го предводеше Леверкузен до титулата во Бундеслигата. Напаѓачот и сезонава игра во добра форма и постигна осум гола на 15 натпревари во сите натпреварувања.