Дуелот меѓу Атлетико Тукуман и Дефенса во аргентинската Суперлига заврши без победник, 1:1. Уште на почетокот на мечот беше постигнат еден од најбизарните автоголови и тоа во изведба на гостинските дефанзивци и голманот.
Хуан Родригес ја врати топката на својот голман Езекиел, а овој реши да покаже дека знае да дрибла, но се посрамоти. Кога ја прими топката, директно ја упати кон својот гол и потоа немаше време да ја стигне и таа заврши во мрежата.
За среќа на голманот, Дефенса до крајот успеа да израмни и да си замине непоразена од ова гостување.
https://twitter.com/i/status/1223756695186366464