Во втората лига од машкото сениорско кошаркарско првенство на Финска беше забележан еден неверојатен резултат. Како ретко кога во светски рамки, победникот се радуваше на триумф од 157 поени разлика.
Домашната екипа на Латхи немаше милост во дуелот против Оулу и на крајот победи со 201:54 со што ја продолжи доминацијата во првенството и сега има 13 победи во исто толу средби.
Американците Ејвери Саливен и Лу Вилијамс постигнаа по 53, односно 52 поени. Саливен имаше и 20 скока и 11 асистенции, што значи дека средбата ја заврши со трипл-дабл.
Пред овој меч, Лахти само еднаш постигна преку 100 поени, а сега успеа да даде 201 поени, но тоа е поради противникот кој го имаа на спротивната страна. Гостите играа со неискусни тинејџери и тоа е причината за овој неверојатен резултат. Инаку екипата на Оулу има скор од пет победи и осум порази и е на осмото место од 12 екипи во втората лига на Финска.