Градските ривали од Ерусалим, Беитар и Хапоел одиграа драматичен меч на кој погодоци имаше во судиското надополнување во двете полувремиња. Најпрво во 45+1 минута погоди Боачи за голема радост на домашните навивачи и се чинеше дека тоа ќе биде конечен резултат, кога во 90+1 минута Бако израмни на 1:1.
View this post on Instagram
Гостите се радуваа, но тоа траеше кратко. Веднаш по завршувањето на дуелот, беше констатирано дека Хапоел мечот го завршил со петмина странци на теренот, што е недозволиво.
Според правилата, во израелското првенство дозволено е во еден момент на терен во една екипа да има најмногу шестмина странци. Клучниот момент се случи во 75-тата минута, кога од игра излезе домашниот фудбалер Хадида, а во игра влезе интернационалецот од Гана, Номбил. Претходно на теренот во тимот на гостите беа и тројца Нигеријци, еден играч од Чешка и еден од Брегот на Слоновата Коска.
Според пропозициите во Израел, иако дуелот на теренот заврши 1:1, Беитар ќе се радува на службена победа од 3:0.